Уште едно кривично дело на екс директорот на Неурохирургија

641
1
Вчера, СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч (57), поранешен директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Противправно стекнување и прикривање имот“ предвидено и казниво по член 359-а од КЗ.По дополнително преземени мерки и активности од страна на Единица за економски и компјутерски криминал утврдено е дека пријавениот, во временскиот период од 2007 до 2017 година, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба, согласно член 33 од Законот за спречување на корупцијата, со намера да го прикрие противправно стекнатиот имот, не ја пријавил својата имотна состојба во Државната комисија за спречување на корупција, со што се стекнал со значителен износ на парични средства, недвижен имот и монети од благороден метал.
Од страна на Единица за економски и компјутерски криминал која постапуваше по наредби од Основен суд Скопје 1 и Основно Јавно обвинителство Скопје, во присуство на Јавен обвинител извршено е отворање на сеф во банка, земен под закуп од страна на пријавениот, при што во истиот се пронајдени 199.000 евра, 18.300 американски долари, 21.900 швајцарски франци, 1.500 фунти, 50
бугарски лева, како и паричник со 19 монети од благороден метал и накит, за кои пријавениот немал доказ од каде потекнуваат.
Од извршениот увид во Агенцијата на катастар за недвижности на Република Македонија е утврдено дека А.Ч. располага со шест имотни листа недвижен имот на подрачјето на Скопје и еден имотен лист недвижен имот во Гостивар. А.Ч во мај годинава беше кривично пријавен за „Примање поткуп“, каде при извршен претрес во неговата работна канцеларија беа пронајдени и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700,00 денари, додека при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9750 евра и 10.000 денари.
извор:сителтв