Услови и критериуми за 10 000 евра за „Млад земјоделец“

908

Еднократна финансиска помош до 10.000 евра за Млад земјоделец – Мерка 112 од Програмата за рурален развој

  • Право за аплицирање за мерката имаат земјоделци до 40 години, кои што се регистрирани во Единствениот регистра на земјоделски стопанства не повеќе од 18 месеци

Критеруми за аплицирање

  • За земјоделско стопанство над 700 метри надморска висина – 5 бодови
  • За земјоделски стопанства членки на земјоделски задруги – 10 бодови
  • За набавка на опрема за преработувачки капацитети -30 бода
  • За набавка на опрема за постбербени активности -25 бода
  • За сопствено учество во инвестицијатa од 25 проценти – 15  бода
  • За сопствено учество во инвестицијата од 25 до 50 проценти – 10 бода
  • За сопствено учество во инвестицијата од 50 до 100- 5 бода

Начин на аплицирање

  • Аплицирањето се врши електронски преку веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на следниот линк:

https://e-baranje.ipardpa.gov.mk/ords/f?p=757:LOGIN_DESKTOP

  • Електронски пополнетото барање потребно е да се преземе,испечати и потпише и заедно со потребната документација да се достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по пошта или лично.
  • Упатството за користење за мерката и потребните документи можат да се преземат по креирањето на електронското барање.
  • Рокот за аплицирање за Мерката „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност е до 29.08.2017 година. 

Подетални информации на контакт телефонот на АФПЗР 02/3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Loading...