Уставен суд: Владата не може да одлучува за изгледот на ГТЦ

288

Уставниот суд ги спаси од барок Градскиот трговски центар, Градската универзитетска библиотека и Македонската опера и балет. На денешната седница на уставен, мнозинството судии гласале за укинување на членот 50 од законот за урбанизам и просторно планирање, кој на владата и даваше можност да прогласи објекти од посебен интерес и да ги одземе ингеренциите на општините за нив.

До сега владата можеше без никакви критериуми, по своја желба, волја, потреби и вкус, да донесе одлука да прогласи објект што е од посебен интерес и да го видоизменува, растура, доградува, преправа. Мнозинството од уставните судии пред четири месеци одлучија да поведат постапка и донесоа времена мерка за запирање на сите активности на владата на овие објекти. Судија известител за овој предмет беше судијката Наташа Габер Дамјановска, а иницијативата беше поднесена од здружението на архитекти „Проблесок“.

извор:либертас

Loading...