Усвоен предлог-планот за итните реформи, деталите дополнително ќе бидат соопштени

86

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои предлог-планот „3 – 6 – 9“, за спроведување на реформските приоритети, неопходни за евроатлантските интеграции на земјава, соопшти владината прес-служба, додавајќи дека деталите од планот дополнително ќе бидат соопштени.

На седницата од Министерството за внатрешни работи било соопштено дека поради застареност е потребно да се ревидира постојната стратегија за радикален екстремизам. Владата ја разгледала и ја усвоила информацијата за подготвување национална стратегија и акциски план за сузбивање на радикализација и на насилен екстремизам 2017-2020 година, како и измените на националната стратегија и акциски план за борба против тероризам.

Владата исто така денеска одлучи да се одложи имплементацијата на програмата „Кембриџ“ во средното образование, а учениците од септември ќе продолжат да учат според старата програма.

Како што стои во соопштението, Владата одлучила за два денари по килограм да ја зголеми субвенцијата за производителите на лубеници, кои се жалат на ниските откупни цени на нивните производи.

извор:мета

Loading...