Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност попладне нестабилно со дожд

102
1

Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност попладне нестабилно со дожд
Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе биде од 12 до 21,а дневната од 25 до 33 степени. УВ=7.

Во Скопје сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Т-ра: 18 / 32 степена.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде само малку над 20 степени.

Извор:канал5