УЖАС: Жена член на Исламска држава се разнела со бебе во раце!

306
1

Повеќе од 20 жени бомбаши самоубијци се разнеле за време на завршницата на битката за Мосул во изминативе две недели, а деталите од еден таков напад се застрашувачки.

Како што пренесе Индепендент, телевизиските камери случајно снимиле жена самоубиец, која во едната рака држи бебе, а со другата го активира експлозивот.

Експлозијата ги разнела жената и детето, и повередила повеќе цивили и шест ирачки војници.

Жената се вмешала помеѓу бегалците кои бегале од Мосул, а се претпоставува дека детето било нејзино.

– Не би можел да замислам жена да се крене во воздух додека држи дете, но Исламска држава прави разни чудни и болни работи, рекол официр на единица на ирачката војска која изведува операција во Мосул.

извор:скопје24

АКЦИЈА