ужвата по патиштата, но и врнежите од дожд денеска дополнително го отежнаа сообраќајот низ земјава. Покрај сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Куманово-Кр.Паланка, во која се повредени 14 лица, се случи и несреќа во Дојран. Како што може да се види на фотографијата, која беше објавена на социјалните мрежи, на влажниот коловоз на патот меѓу Стар и Нов Дојран, дошло до несреќа при што еден автомобил е превртен на кров. Засега нема информации за повредени.

273

 Владата подготвува анализа колку пари мината власт потрошила за економска промоција на Македонија и привлекување на странски инвестиции и колкав ќар имала земјава од потрошените пари. Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, промена на моделот ќе има и кај  економските промотори кои во минатите 11 години варирале од 38 до сегашните 18 кои во моментов се со истечен мандат.
Се водат како да се на службено патување. Анѓушев вели дека наместо реклами и промоции, странските претпријатија и инвеститори ќе се привлекуваат на различен начин од досегашниот. Наместо со евтина работна сила инвеститорите ќе се привлекуваат со квалификувани и квалитетни кадри и работници.

„…Напротив, ќе нудиме добри услови, услови за фирми со напредни технологии кои ќе ангажират инженерски и високообрзуван кадар и кои ќе сакаат и своите развојни одделенија да ги направат во Македонија. И да не сме места на кој ќе се склопуваат или само ќе се прави асемблинг на одредени производи“, рече Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

Анѓушев вели дека ќе има ревизија и прилагодување на образовниот систем, како и многу дообуки сè со цел работната сила да биде подготвена и  да даде квалитет на работните места. Со ова се очекува да порасне и платата и стандардот  на работниците. И дел од економистите се ссогласуваат дека е потребно ревидирање на досегашниот начин за привлекување странски капитал во земјава.

„Ако сакаме и понатаму да привлекуваме странски фабрики, особено такви кои полесно и побрзо ќе се поврзат со домашните фирми секако дека ќе ни треба и понатамошна меѓународна промоција. Коректно е да се направи реформирање на меѓународната промоција, да се види што од тоа е најефективно и не само рекламите на меѓународните телевизии туку и роуд шоуата, трошокот за промоторите“, изјави Марјан Петрески – универзитетски професор.

Loading...