Валканата тајна за златото што ја кријат Американците

САД не дозволуваат на никого да ги види резервите на злато. Иако имаат милијарди во злато за кои гарантира Трезорот, со овие резерви не се тргува.

На тоа предупредува и Ронан Манли, директор на компанија за тргување со благородни метали.

Американската влада поседува 8.133 тони злато во резерви од кои 58% наводно се чуваат во Кентаки, 20% во Њујорк, 16% во Денвер, Колорадо и 5% имаат Федералните резерви на САД.

„Целата приказна за резервите злато на САД е тајна. Никогаш немало некаква независна ревизија за нивните резерви на злато, а чуварите на тоа злато, како што е Федерални резерви, никогаш нема да дозволат некој да влезе во трезорите и да го преброи тоа злато, ако го има“, вели Манли за „Russia Today“.

Меѓутоа, покрај многуте обвинувања против САД дека имаат многу помалку злато отколку што тврдат, има уште една причина за големата мистерија, вели експертот Манли: златото на САД е со лош квалитет.

„Дури и оние мали количини што се појавуваат одвреме-навреме, покажуваат дека поголемиот дел од златните шипки не се толку ‘чисти’ и дека не се соодветна тежина“, вели Манли.

„Така, ако САД ја имаат таа количина злато како што тврдат, поголемиот дел од тоа злато не би била прифатлива за тргување на меѓународните берзи и би можело да се користи за манипулации“, вели тој.

Кога би се докажало дека резервите на злато се помали и понеквалитетни од тоа што се прикажува, тоа повторно би создало стравувања околу стабилноста на светската економија, тврди Манли.

извор:кајгана.ком

Loading...