ВИДЕО: Ќе се укинува радиодифузната такса, со ребалансот предвидени 3,2 милиони евра за МРТВ

246

3.2 милиони евра од ребалансот на буџетот ќе бидат за јавниот радиодифузен сервис. Со оваа сума, власта ќе го покрие укинувањето на радиодифузната такса за последното тримесечје од годината, пренесува Алсат-М.

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски за Алсат-Мвели дека низ годините МРТВ функционирала со многу долгови и сега се подготвуваат анализи за се утврди прецизно колку пари ќе бидат доволни за стабилно финансирање на јавниот сервис.

Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми не верува дека парите предвидени со ребаланост се доволни за МРТВ. Ставот на неговата организација е во спротивност со намерата на Владата за укинувањето на оваа давачка. Георгиевски смета дека МРТВ дури и да добива фиксирани финансии од 1 отсто од буџетот, таа сума не би била доволна.

“Мора да го направиме сериозна анализа независна од тело кое ќе го именува Парламентот или кој и да е, меѓутоа кое тело ќе може ги оцени потребите, каков радиодифузен сервис сакаме, кои програми треба да ги има, колку канали, вработени, какви се потребите за нова опрема, за амортизација на опремата. Сите тие ставки мора да влезат во таа анализа да видиме колку ни треба. Можеби треба да се разгледаат примерите во оние држави кои ја заменија радиодифузна такса со некој друг вид на давачка.” – изјави Дејан Георгиевски – ЦРМ.

Георгиевски вели дека е потребна широка дебата за ова прашање и да се разгледаат примерите како материјата е уредено во други држави. За пример ја наведува Финска, која вовела радиодифузен данок – се наплаќа на данокот на приход или Германија, каде има радиодифузен самопридонес кој го плаќаат сите граѓани.

“Јавниот радиодифузен сервис кај нас е подфинансиран долго време, радиодифузната такса таква каква што е не е доволна да го обезбеди самото финансирање, повеќе држави го имаат решено тоа со комбинација, со средства од радиодифузна такса со буџетски дотации, дел финансирање од продажба на реклами и друг вид комерцијално работење. Но комерцијалниот дел моментално кај МРТВ е скоро безначаен и не влијае на ниту еден начин на радиодифузниот пазар.” – вели Георгиевски

Минатата година, МРТВ располагаше со буџет од 21 милион евра. За 2018-та година допрва ќе се анализира и утврдува. Иако МТВ се појавуваше на листата на УЈП меѓу најголемите должници на државата, граѓаните кои не плаќаа радиодуфузна такса се соочуваа со блокирани банкарски сметки или присилна наплата преку извршители.

извор:либертас

Loading...