ВИДЕО: Џафери му го исклучи микрофонот на Милошоски кој дофрлаше од место

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му го исклучи микрофонот на пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Спикерот му го исклучи микрофонот на Милошоски кој дофрлаше од место, додека Џафери ѝ објаснуваше на пратеничката Лилјана Кузмановска, која беше на говорница, дека нема право на збор.

„Ако колешката има намера да стои тука, нека стои, мене не ми пречи. Колешке, ова ви е трет мандат и си знаете дека на говорница не може да излезете дури не добиете збор. Не спорам за правото, ви укажувам дека дури не добиете збор, не можете да излезете на говорница“, ѝ рече Џафери на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

извор:А1он

Loading...