(ВИДЕО) Мали ежиња останаа без мајка им – Ги посвои мачка, која дури и почна да ги дои

275

Улогата на мајка ја превзема црна мачка со име Мусја. Неодамна имаше мачиња па и остана уште млеко.

Таа ги прифати ежињата како свои деца, откако нивната мајка настрада во дворот. Ја усмртила електрична косилка, а нејзините бебиња потоа биле префрлени во зоолошката градина Садгород, во руски Владивосток.

Работниците од зоолошката градина се обиделе да ги нахранат бебињата ежеви со помош на боцички, но тие упорно одбивале. Било јасно дека мораат да пронајдат ново решение затоа што се плашеле дека нема да преживеат. Тогаш го пронашле најнеочекуваното решение.

Улогата на мајка ја превзема црна мачка со име Мусја. Неодамна таа имала мачиња, па и останало уште малку млеко.

Од зоолошката градина внимателно ја донеле токму нејзе, надевајќи се дека ќе ги прифати како свои, пренесува Индекс.хр.

Тоа и се случи, ги примила со отворени шепи и по неколку секунди, легнала на страна и им го понуди на ежињата своето млеко. извор:репортер.мк

Loading...