vesti24.mk
СВЕТ

(ВИДЕО) Милијардерката во кал до колена: Уништена луксузната куќа на познатата Опра Винфри

ECA

Aмериканската водителка Опра Винфри овие денови е во центарот на вниманието поради својот говор кој многумина го протолкуваа како најава за кандидатура за претседател на САД.

Меѓутоа, популарната водителка ја погоди катастрофа, односно природни непогоди со кои Калифорнија моментално се бори.

Најмалку 13 лица загинаа во јужна Калифорнија, која ја погоди зимска бура донесувајќи рекордни количини дожд во таа американска држава, што предизвика поплави и покренаа лизгања на земјиште.

Како се наведува 163 лица се повредени и префрлени во болница, а четворица се во критична состојба.

„Повторно се молиме за нашата заедница во Санта Барбара“, напиша Опра во вторникот и сподели фотографија од својот двор кој е прекриен со кал, како и хеликоптери кои ги спасуваат луѓето од погодените подрачја.

Опра објави и видео на кое се гледа како во чизми шета низ калта и констатира дека куќата зад неа исчезнала.

Ова е втора катастрофа која ја погоди за кратко време Калифорнија. Таа во текот на минатиот месец се бореше со страшни пожари кои речиси ја уништија вегатацијата.

Oprah's home affected by Southern California mudslides

"Praying for our community again in Santa Barbara." Oprah Winfrey shared videos of knee-deep mud in her backyard and helicopters making rescues amid the California mudslides http://cnn.it/2AMgMcg

Posted by CNN on Tuesday, 9 January 2018

извор:фактор.мк

Loading...

Related posts