(ВИДЕО) Најголемиот брод на светот пристигнува во Јадранот

Најголемиот товарен брод на светот “Dockwise Vanguard” утре ќе вплови во Јадранското Море, Бродот е дизајниран специјално за превоз на екстремно големи и многу тешки товари, а се очекува во црногорското пристаниште во Бока Которска да вплови во текот на утрото.

Бродот не доаѓа без причина, туку пренесува голем док за бродоградилиштето во Бијела. Црногорските медиуми оваа вест ја пренесуваат како еднаш во историјата на домашното поморство.

Вијести пренесува дека ќе биде вистински спектакл. Бродот ќе ги отвори танковите и ќе дозволи внатрешните, специјално дизајнирани простории, да се наполнат со вода. Поради тоа, со поголемиот дел ќе потоне, и тоа 15 метри, а тогаш со реморкери ќе биде повлечен големиот товар на палубата, а атрактивниот брод повторно ќе изнурка.

Бродот е долг 275, а широк 79 метри. Од Јадранот заминува во Литванија.

извор:скопје24

Loading...