(ВИДЕО) Павле Богоевски: Зврлевски е метастаза во македонското правосудство

156

Независниот пратеник Павле Богоевски во реплика на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека јавниот обвинител Марко Зврлевски е метастазата во македонското правосудство, кој се инфилтрирал во повеќе институции со цел селективна правда за реваншизам на политички неистомисленици, пренесе Макфакс.

„Зврлевски не покрена ниту една постапка против фамилијата, туку ги прикриваше нивните криминили, а гонеше партиски неистомисленици по налог на наредбодавачите. Заслугата на Марко Зврлевски е прикривање на убиството на Мартин Нешковски. Баравте да подадеме рака.За што да подадеме – за насилството на 27 април, за Крсто Мукоски , за Василевски? Тоа нема да ви помине“, порача Богоевски.

По напуштањето на говорницата Богоевски се откажа од реплики и говор со цел дискусијата побрзо да се заврши и затвори точката за разрешување на Зврлевски.

извор:либертас

Loading...