(ВИДЕО) Саша од Ниш кој моментално чува над 800 кучиња е најголемиот лик во Србија

3145

Саша Перишиќ од Ниш е херој во својот град. Иако некои го гледаат чудно поради одлуката која ја донел пред 10 години која резултирала со чување повеќе од 800 кучиња. Тој секојдневно води сметка за кучињата кои се најголем пријател на човекот а никој не сака да ги вдоми.

MIR BOŽJI HRISTOS SE RODI!MERRY CHRISTMAS to ALL ORTHODOX BELIEVERS!

Posted by Sasha Pesic on Saturday, January 7, 2017

Саша пред 10 години пронашол неколку напуштени кучиња поради што тој бил разочаран зошто неговиот град е толку суров спрема животните. Почнав да ги хранам инаку ќе ги убиеа. Не бев свесен во што влегувам и за некое време дојдов до 40 кучиња.

Posted by Sasha Pesic on Sunday, December 4, 2016

„Кога пораснаа почнаа да лаат а луѓето кои живеат наоколу почнаа да ме пријавуваат во полиција па затоа одлучив да се преселам. Потоа најдов плац и сопственикот на плацот кој инаку е љубител на кучиња ми дозволи да го користам просторот. Во меѓувреме поминаа седум до осум години кога бројката надмина над 400 кучиња“, објаснува Саша.

HAPPY WOMEN'S DAY!!!

Posted by Sasha Pesic on Wednesday, March 8, 2017

Тој додава дека сега чува над 800 кучиња а потребните средства за нивната исхрана го чинат околу 300 евра месечно за што добива помош од волонтери.

„Ова е Србија. Оние кои сакаат кучиња ќе се воодушеват, но ги има и оние кои мислат дека сум луд.“

Најголем проблем смета тој е што државата не презема ништо за овие кучиња.

HRISTOS VOSKRESE HAPPY EASTER

Posted by Sasha Pesic on Sunday, April 16, 2017

„Државата знае како да се справи со нив но не сака. Постојат средства кои се наменети за нив но тие пари се крадат. Додека тие ги земаат за себе кучињата умираат. Тоа е вистината. Луѓето незнаат дека има направено логори во кои се оставаат кучињата да гладуваат и да се тепаат меѓусебно. Тоа е далеку од очите на јавноста. Кога би се трошеле парите на вистинскиот начин овој проблем би бил решен. Има доволно пари но некој ги краде“, заклучува Саша.

Познати личности како Раде Шербеџија, Марија Мартиќ и ММА борецот Душан Џакич снимиле спот за песната „Volim te, Šapice“ со што му помогнале на Саша.

Ниш нема азил за кучињата а градската власт за жал не успева трајно да се справи со ова прашање.

извор:скопје24

 

 

 

 

Loading...