(ВИДЕО) Силно невреме во Истанбул

Силно невреме попладнево го погоди Истанбул, а најмалку две лица се повредени.

Водата однела многу возила, а граѓаните останаа заглавени, враќајќи се накај дома во попладневниот сообраќаен шпиц.

Летовите на Меѓународниот аеродром „Ататурк“ се откажани, а не работи ни метро сообраќајот, соопштија градските власти.

Од претпазливост затворен е тунелот Евроазија, кој под Босфор ги поврзува азиската и европската страна на Истанбул.

извор:бриф

Loading...