(ВИДЕО) ЗА ОВА СЕ БОРЕШЕ МАКЕДОНИЈА И СЕ ИЗБОРИ, ПРЕМИЕР ОД СВЕТСКИ РАМКИ :

(ВИДЕО) ЗА ОВА СЕ БОРЕШЕ МАКЕДОНИЈА И СЕ ИЗБОРИ, ПРЕМИЕР ОД СВЕТСКИ РАМКИ : Заев рамо до рамо со вториот најмоќен човек на светот потпретседателот на САД, Мајкл Пенс!

Овој самит беше одлична можност да дискутираме за напредокот на нашата соработка и иднината на Јадранската Повелба. Уште еднаш ја препознаваме вредноста на сеопфатната политичка, одбрамбена и економска соработка помеѓу нашите земји, споделување на искуствата од реформите, интеграцијата и интензивирањето на регионалната соработка. Продолжуваме да се водиме од вербата дека евроатлантските интеграции на регионот, базирани на солидарност и демократски вредности, се неопходни за долгорочна стабилност на регионот и а целиот континент, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по Самитот во Подгорица.

Според него, предизвиците со кои се соочува регионот, се истите за сите народи низ светот. „Денешните закани не познаваат национални граници. Не е само идеализмот она што ги води народите од
регионот да се поврзат со останатите Европјани и не е идеализам кога бараме да споделуваме обврски во контекст на НАТО. Се работи за препознавање на нашите заеднички интереси кои ни покажуваат дека си требаме едни на други“, рече Заев.

Тој смета дека сите членки на повелбата треба да ја користат можноста самостојно и заеднички да го држат ова прашање на агендата на Алијансата. Само преку заедничка работа и заради бенефит на
регионот, можеме да ги достигнеме нашите заеднички вредности и успешно да одговориме на заедничките закани и предизвици.

Република Македонија стабилно и енергично чекори напред, оцени Заев и додаде дека Владата со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држаба кон НАТО.

„Убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи. Храбро влеговме во реформските процеси, се отворивме за интензивна соработка со соседите, покажавме одговорност кон меѓународната заедница дека сакаме и можеме да придонесуваме и колективните процеси за стабилен незбеден свет. И со право очекувам Република Македонија да биде 30-тата земја членка на алијанската и ќе работиме за таа цел, заедно со граѓаните“, додаде Заев.

Loading...