Викендот ќе се прска против комарци

Авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 05 август (авионско) и на 06 август (терестрично).

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива в сабота и в недела, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, ќе се одвива од 06 до 10 август, во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Loading...