Виц на денот: Перо

12123

Перо работи како чувар во фабрика. Една ден во фабриката доаѓа на посета претседателот на Македонија, Ѓорѓе. Кога поминувале покрај Перо, претседателот извикнал:

– Перо, ти ли си бе?

– Јас сум Ѓорѓе. – одговорил Перо.

На шефот му станало многу чудно тоа што претседателот го познава Перо, па окако си заминал го повикал Перо во неговата канцеларија.

– Абе Перо од кај се знаеш ти со нашиот претседател? – прашал шефот.

– Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?

– Како тоа бе Перо?

– Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!

– Те знае ли бе Обама сакаш да кажеш?!

– Тиииии бе шефе, Обама ми е еден од подобрите пријатели!

– Епа ај ќе отидиме до Вашингтон, јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае!

И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел:

– Ohoo Pero, what a wonderful surprise! Come in, Obama is in the backyard!

Шефот вилицата до земја! Не му се верува што гледа! Делириум, па вели:

– Перо, нема шанси тебе папата да те знае!

– Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател! Со моите од мали нозе се знае!

– Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! – вика шефот.

Одат во Ватикан, недела ден, Папата од Балконот држи миса, а илјадници верници пред него. Перо вели:

– Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него.

Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди.

Се качува Перо на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Перо исто до него, двајцата насмеани и мафтаат.

Се симнува Перо доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг. Се турка Перо, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува:

– Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!

– Перооо, не можам, Перо бе?

– Кажи шефе, кажи!

– Се можев да поднесам, и Ѓорѓе и Обама, те гледам и тебе горе, со папата, ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:

– Абе, кој е оној горе до Перо?!

извор:курир

Loading...