Виц на денот: Плавуша во авион

1179
1

Плавуша патува за Њујорк со авион. Имала карта за економска класа, но кога влегла во авионот си седнала во бизнис класата.

Дошла стјуардесата да ја упати во другиот дел на авионот па и објаснува дека мора да се премести:

– Ама не мене овде ми е добро.

Дошол и копилотот и го повторил истото, но таа исто му одговара:

– Не, не, мене овде ми се допаѓа.

Дошол пилотот и шепка нешто на уво. Плавушата станала и збунето му рекла:

– Па, што не ми кажавте одма? – и оди во економска класа.

Стјуардесата и копилотот збунето го прашуваат:

– Па, што и рековте?

Пилотот слегнува со рамената:

– Дека бизнис класата не лета до Њујорк.