Владата првпат добива жена за портпарол?!

374

Новинарката Јасмина Аневска ќе биде првата жена портпарол на македонската влада во нејзината историја, дознава неофицијално Макфакс.

Аневска досега работеше во телевизија Телма, каде се шпекулира дека дала отказ и се подготвува за портпаролското место во Владата. Таа треба да го замени Александар Ѓоргиев, кој беше разрешен неодамна на владина седница.

Аневска беше во фокусот на јавноста во 2015 година кога во живо на вестите на Телма ја „тресна“ слушалката од црвениот телефон кој беше поставен како дел од маркетинг-стратегијата на телевизијата дека не примаат нарачки.

Од Владата засега нема ниту потврда, ниту демант на информацијата. Aневска била на годишен одмор, по чие враќање се очекува да стапи на функцијата.

Loading...