Владата вработува посебни советници – плата 36 илјади денари

235
1

Генералниот секретаријат на Владата огласот го објавува за пополнување на посебни рабoтни места во кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања и за координација со економските ресори, кабинетот на генералниот секретар на Владата и кабинетите на министрите без ресор, заради извршување  работни задачи на посебни советници, на определено време, до истекот на мандатот на функционерите во чиј кабинет се вработуваат. Нето-платата за овие посебни советници е 36. 873 денари.

Во огласот се бара посебен советник за анализа и следење на деловното окружување во кабинетот на заменикот на претседателот на Владата за економски прашања и координација со економските ресори, потоа посебен советник за правни прашања во кабинетот на генералниот секретар на Владата,  посебен советник за следење на странските инвестиции во кабинетот на министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции…

извор:макфакс