ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на радиодифузната такса, такса кои тие ја донесоа за време на нивното владеење

280

ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, преку поднесување предлог-закони ќе бара зголемување на платите на администрацијата за 5% и измени на Законот за медиуми со цел укинување на радиодифузната такса, информираше пратеникот Илија Димовски на прес-конференција во Собранието.

„За зголемување на платите на администрацијата вети СДСМ, но тоа е наше изборно ветување. Бараме овој закон да се донесе итно за да може платите на администрацијата да се зголемат за 5% од јануари 2018. Сметаме дека има средства во буџетот и оваа решение може да се реализира. Што се однесува до медимуите, ова е истиот закон што СДСМ го поднесе и со него сакаме да ги потсетиме дека ветија пред граѓаните дека штом ќе дојдат на власт веднаш ќе се укине радиоифузната такса. Ќе бараме законите уште денеска да се најдат на седница и да се отвори дискусија по нив“, рече Димовски.

Пратеникот Димовски уште еднаш ги повика СДСМ да бидат отворени и транспарентни, како што рече, навремено да ги информираат пратениците за потезите што ги влече Владата. Како пример го наведе Договорот за добрососедски односи, кој според него треба да биде доставен до пратениците и разгледан на посебна затворена комисиска седница. Исто така, побара да се образложи и планот  „369“ што го усвоила Владата за реформи во повеќе области.

„Можеби ова што го прават е почетна грешка, збунетост, но во иднина нема да дозволиме ваков однос. Повторувам, ние нема да бидеме кооперативни, само да ги покриваме нивните грешки. Ако сакаат инклузивност, треба да подадат рака и со консензус да се носат одлуки кои се однесуваат на иднината на нашата држава“, додаде Димовски.

Пратеникот Димовски најави дека наскоро ќе има реална форма на организирање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, без да образложи детали.

извор:актуелно24

Loading...