ВМРО-ДПМНЕ ги бара пасошите, функционерите на партијата биле луѓе со дигнитет

307

ВМРО-ДПМНЕ реагира на мерките за претпазливост побарани од страна на СЈО порачувајќи дека „лицата од раководството на партијата се луѓе со дигнитет и интегритет кои уживаат голем углед во Македонија и надвор“ така што сите акции што се преземаат кон нив се тенденциозни и политички мотивирани.

„Кривичните постапки на СЈО се тенденциозни и целосно политички мотивирани. Сите акции кои ги превзема СЈО се во насока рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство.Барањата за притвор за раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднесени до апелација се обид за притисок врз судот да не ги поништи неоснованите одлуки за одземање на патните исправи на истите.

Мерките за обезбедување на присуство побарани од СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани, без докази и крајно неаргументирани. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се впушта во бегство, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и закон.Дека тоа е така доказ е и образложението на првостепен суд каде што се образлагаат мерките за одземање на патните исправи, а каде истиот не наоѓа и не наведува ниту една причина за одземањето, а тоа е очигледно е донесено под политички притисок.

Лицата од раководството на партијата се луѓе со дигнитет и интегритет кои уживаат голем углед како во Македонија, така и надвор, истите поради својата партиска функција често се на патувања, од почнувањата на постапките против нив до сега биле неколкукратно надвор од државата и ако сакале да избегаат тоа можеле до сега да го сторат безброј пати“, изјави Орце Ѓорѓиевски пред Апелациониот суд.

Според него, на граѓаните и на сите општествени чинители во државата им е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС.

извор:актуелно24

Loading...