ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР да не подлегнат на притисоците на СДСМ

644

„СДС со ништо не може да го прикрие насилството кое го практикуваат нивните функционери и партиски послушници врз професионалците во институциите.

СДС врши вистинска тортура за која ќе има одговорност.

Зоран Заев и СДС се пресметуваат со сите професионалци кои долги години себе си се вложиле за државата и МВР. Таргет се сите професионалци кои работеа на бројни случаи почнувајќи од оние како „Планинска бура“ во кои се бранеше државата, па се до предмети во кои заради трговија со наркотици беа откриени голем број партиски пријатели и соработници на Зоран Заев, Оливер Спасовски и СДС.

Тоа што го прави СДС е пресметка на мафијата со професионалците во МВР кои до сега го гонеа криминалот кој сега се наоѓа во власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и охрабрува професионалците во МВР да не подлегнуваат на политичките притисоци од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикува сите претставници на меѓународната заедница кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе вон контрола“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

извор:А1он

Loading...