ВМРО ДПМНЕ пак ја блокираше седницата за разрешување на Зврлевски

Работата на Собранието денеска уште на почетокот е прекината, пак по барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за еден час пауза. Иако не е прва седница и прва точка на дневен ред, се очекуваше конечно пратениците да ја довршат расправата за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски.

Овојпат барањето за пауза е да се види кој го потпишал извештајот за работата на комисијата за финансирање и буџет, која што заврши со работа ноќеска на полноќ. Според пратениците од опозицијата, извештајот не го потпишала претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска, туку место неа, некој друг.

фото: СДК

Loading...