Во Хрватска колони на патиштата до 27 километри

Смената на туристите предизвика големи колони на хрватските патишта кои достигнаа и до 27 километри на патниот правец од Поседарје кон Загреб.Застои и колони има и на автопатот долж јадранскиот брег, како и на наплатните рампи каде што колоните достигнуваат до шест километри.

Колони се формираат и на граничните премини, така што пред граничниот премин Бајаково, кој ја дели Хрватска од Србија, има колона околу седум километри. На граничните премини Кастел и Пловјани кон Словенија колоната е околу пет километри.

Засилен сообраќај се очекува во текот на целиот викенд, особено во попладневните часови во сабота, и тоа по внатрешноста.

извор:макфакс

Loading...