Во Радишани нападнат човек и неговото семејство

757
1

На 28.07.2017 година во 20.00 часот во Единицата за известување и командување, В.Р. (39) од населба Радишани-Скопје пријавил дека околу 17.30 часот физички бил нападнат од две непознати лица.

Додека В.Р. се движел по ул. „Радишанска“ со неговото патничко возило „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата сопруга и неговата ќерка, во еден момент патничко возило „Пасат“ со непознати регистарски ознаки, кое се движело пред него, без предупредување нагло закочило. Изреволтиран поради постапката, В.Р. го сопрел своето возило, излегол и се упатил кон возилото пред него.

По кратка расправија, од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале В.Р., кој загрозен за неговата сигурност, почнал да им возвраќа на ударите. Откако некој од присутните пријавил во полиција, едното лице избегало, а другото влегло во возилото и со возилото го удрил В.Р., кој паднал на хаубата и со главата го удрил ветробранското стакло. После 100 метри возилото закочило и В.Р. паднал од хаубата.