Во ребалансот на Буџетот обезбедени средства за укинување на радиодифузната такса

174
1

Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Сојузот на стопански комори, министерот Манчевски рече дека со ребалансот на Буџетот скратени се голем број непродуктивни трошоци, а најголеми кратења има кај Кабинетот на премиерот каде целосно се откажани сите пропаганди и кампањи.

– Ова беа ставките од кои најмногу се кратеше за да се обезбедат средства за сите главни мерки и ветувања што ги дадовме пред граѓаните. Обезбедени се пари за укинување на радиодифузната такса и финансиски средства за воведување голем број други мерки од нашата Програма, нагласи министерот Манчески.

Според него, обезбедено е финансирањето за сите главни ветувања што ги дале пред граѓаните до крајот на годината.

извор:бриф