(ВО ЖИВО) Тензична атмосфера во Собрание – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови, Џафери смирува

Последениот ден од расправата за ребаланс на буџетот, донесе бурни реакции во собраниската сала. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат спротивни ставови во однос на новата проекција. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека се кратат пари од капитални инвестиции, а пак СДСМ велат дека истите се непродуктивни.

ВО ЖИВО ОД СОБРАНИЕ: СЕДНИЦА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ; РАСПИШУВА…

ВО ЖИВО ОД СОБРАНИЕ: СЕДНИЦА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ; РАСПИШУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Posted by A1on.mk on Sunday, August 6, 2017

„Прочитајте ги бројките, не ширете популизам. Мајстори сте за тоа! Прашајте го вашиот лидер Никола Груевски зошто младите си одат од Македонија. Од што им е убаво?“, вели Петре Атанасов од СДСМ.

Претседателот Џафери им остави минута време на пратениците да зборуваат меѓусебно, бидејќи тие не се слушале меѓусебно.

„Ќе ве верувам дека вашите зборови дека не се популистички, кога ќе го распиштете тендерот за Основното училиште „Методија Андонов-Ченто“. До тогаш, ова се празни зборови“, вели Невена Станојковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери им кажа на пратениците дека очигледно е добро да се работи секоја недела, бидејќи нивното расположение е на завидно ниво.

„Мислам дека треба да дадете уште една минута. Некои пратеници се обидуваат да го спуштат нивото на дебатата во Собранието. Мислам дека Тевдовски имаше тешка работа, бидејќи тој реши после 11 буџети, кои не беа реални, истиот да го доведе во ред. Од 2003 до 2006 година, буџетите беа 900 милиони евра. Со истите се реализираа многу проекти. Потоа, кога дојдоа ВМРО-ДПМНЕ буџетот се зголеми на 3 милијарди евра. Честитки до ВМРО-ДПМНЕ што ги собрала истите. Но, кога ќе се споредат овие два периоди, ќе видиме дека во делот на капиталните инвестиции, истите се помали. Освен проектот „Скопје 2014“ ние немаме друг  капитален проект. Се прашувам каде отидоа повеќе од 12 милијарди евра кои ги собравте од граѓаните?“, вели Максим Димитриевски од СДСМ.

Димитриевски му се обрати и на Тевдовски, на кого му кажа да внимава каде го става Куманово кога во прашање е ребалансот на буџетот, бидејќи овој град е на високо ниво кога во прашање е задолжувањето на Македонија.

извор:А1он

Loading...