ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Граничар страшно ја скрши ногата во обид да спречи мигранти

801
1
Снимката од безбедносната камера од инцидентот е објавена на интернет од страна на локалните вести Ел Фаро Сеута.

Шпански граничар претрпе страшно кршење на ногата, откако неуспешно се обиде да ги запре мигранти кои продираат преку мароканската граница во градот Сеута.

Како што пренесуваат локалните медиуми, инцидентот се случил во недела вечерта на граничниот премин Ел Тарахал во шпанскиот град на брегот на северна Африка.

Видеото покажува како голема група луѓе се пробиваат низ портата и трчаат преку граничарите. Двајца чувари се обидуваат да се справат со нив, но протокот на луѓе само се зголемува.

Според Ел Паис, владиниот делегат во Сеута, Николас Фернандез Каракул, за повредите на граничарот го обвини „насилното однесување“ на мигрантите кои ги „преовладаа агентите“.

извор: пресс24