(Вознемирувачко) Нуркач уби морска желка во Црна Гора

1553
1

Нуркач уби морска желка, само неколку дена откако Институтот за биологија од Котор издаде апел желките во морето да не се вознемируваат.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на која нуркачот ја прободува желката, која е заштитен вид, а под неа се гледа крв.

РТЦГ пренесува дека надлежната инспекција најбргу што може ќе поднесе кривична пријава против нуркачот.

„Најостро го осудуваме денешниот чин што се случи во Столив. Институтот ги информира надлежните органи и се надеваме дека тие ќе преземат законски прописи и мерки и ќе го најдат сторителот на ова дело. Ги молиме повторно граѓаните и туристите да сфатат дека морето не е наше природно опкружување, туку опкружување на морските организми, а ние сме негови корисници. Се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани“, порачале од Инстиутот за биологија.