vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp ќе почне да ги дели податоците со Facebook – еве што значи тоа

ECA

Правилата за приватност стануваат сè поголем проблем, а WhatsApp воведе промени во своите правила за што подобро да се интегрира со другите производи и услуги што ги нуди компанијата Facebook, која е нејзин сопственик.

Корисниците се известени дека WhatsApp ги променил правилата на приватност и дека ќе почне со Facebook да ги дели податоците за регистрација на профилот, телефонски броеви, информации за трансакции, информации врзани за услугите, информации за интеракција, информации за уреди, IP адреси и други податоци.

WhatsApp тврди дека податоците ќе се користат за „подобро разбирање како се користат услугите“, за „подобрување на услугите“, за „предлози на корисниците“ и „персонализација на можностите и содржините“ и за „прикажување релевантни понуди и реклами ширум производите на Facebook“.

Промените стапуваат на сила на 8-ми февруари, а корисниците кои нема да ги прифатат новите правила ќе го изгубат пристапот до WhatsApp.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts