За оние кои не пробале: 9 лаги за аналниот секс

Сексот е  најинтимната физичка комуникација што можат да ја имаат две личности. Но, не го практикуваме сите на ист начин. Сите ние се возбудуваме на различни работи. Некои од нас се похрабри, други по плашливи, па нeкогаш нема да се осудат да пробаат да запловат во непознатото. Доколку сте од оние кои се плашат, еве неколку митови за озогласенит анаелн секс:

Мит бр.1 – боли!

Аналниот секс не е нужно болен, но може да биде. Имено, може да биде болен ако се практикува на погрешен начин. Многу жени го сметаат за исклучително пријатен, уживаат во него и доживуваат анални оргазми. Она што треба да го знаете е дека треба да се движите полека, да се опуштите и да користите доволно лубрикант. Почнете со прст или пак со некоја играчка, а кога ќе се опуштите доволно, преминете на главното. Првичната нелагодност ќе исчезне и вие ќе уживате.

Мит бр.2 – ако болело првиот пат, ќе боли секогаш

Ако еднаш сте имале лошо искуство, веројатно не сте се придржувале до гореспоменатите правила, но тоа не значи дека секое наредно искуство ќе биде болно. Доколку сакате да го повторите искуството, направете го тоа кога ќе бидете потполно опуштени, а вашиот партнер истовремено нека го стимулира вашиот клиторис. На овој начин, пријатното чувство ќе ја надвладее несигурноста, а вие ќе се опуштите.

Мит бр.3 – само „лесните“ девојки го прават тоа

Постои мит дека само „лесните“, „лошите“ и перверзните девојки сакаат анален секс. Но, вистината е дека многу нормални, обични жени уживаат во него. Љубопитноста за сопственото тело е сосема нормална и природна појава, а вие треба да се охрабрите да ги задоволите сите свои љубопитности и да имате здрав сексуален живот каков што посакувате.

Мит бр.4 – аналниот секс може да ви го спаси сексуалниот живот

Некои девојки кои не се задоволни со својот сексуален живот и аналниот секс го гледаат како начин на кој можат да се спасат од „досадата“ и незадоволството во својата врска. Но, вистината е дека ако имате проблеми во врската никаков секс не може да го реши вашиот проблем. Сексот треба да биде взаемно уживање помеѓу двата партнера, а не решение за одреден проблем. Подобро би било да разговарате со партнерот за своите проблеми, отколку да барате „пократок“ пат.

Мит бр.5 – ако го направите тоа вашиот партнер нема да ве почитува повеќе

Некои девојки мислат дека одредени мажи имаат цел и кога ќе ја постигнат, нема да сакаат да имаат ништо повеќе со нив. Ова може да се случи, но тоа нема никаква врска со аналниот секс. Ваквите мажи можат да „играат“ во било какво друго сценарио. Доколку ви се случи нешто вакво, тоа веројатно значи дека секако нема потреба да бидете со таков тип на маж кој не го заслужува вашето внимание и почит.

Мит бр. 6 – ќе се повредите

При секаков тип на секс може да ви се случи незгода доколку го правите тоа на погрешен начин. Истражете го своето тело, дознајте што ви се допаѓа, а што не, користете доволно лубрикант и сè ќе биде во ред.

Мит бр.7 – при анален секс нема потреба да користите кондом

Точно е дека не можете да останете бремени, но без кондом не сте заштитени од сексуално преносливите болести. Затоа, употребата на презервативи, не само што се препорачува, туку е задолжителна.

Мит бр.8 – ако еднаш го направите тоа, тој секогаш ќе сака само анален секс

Ова е исто како да кажете дека ако еднаш му приредите орален секс, тој секогаш ќе сака само орално уживање. Секој сексуален чин е различно искуство и задоволство, а на мажите, иако го сакаат аналниот секс поради поинтензивното чувство, сепак ништо не може да им го замени вагиналниот секс.

Мит бр. 9 – аналниот секс е валкан, буквално

Ова е дефинитивно еден од најраспространетите и најпогрешни митови поврзани со аналниот секс. Всушност, анусот и долниот дел од ректумот не содржат толку „отпад“ колку што мислиме. Сепак, ова не значи дека треба да се практикува без подготовки. Постојат специјални средства за анална хигиена кои се препорачуваат да се употребуваат пред аналниот секс. Воедно, никако не практикувајте вагинален секс веднаш по аналниот, поради можното пренесување на бактерии. Доколку сакате да го направите тоа, секогаш променете го кондомот, измијте се детално, користете лубрикант и нема да имате никакви грижи.

извор:засе.мк

Loading...