Заев: „Решение погодно за НАТО и ЕУ, ќе биде погодно и за нас“

Заев со турскиот колега Бинали Јилдирим, по состанокот во четири очи и состанокот на делгациите, во палатата Чанкаја во Анкара, одржа прес конференција за медиумите, јавува Анадолија.

Заев се осврнал на спорот околу името со Грција.

„За тоа разговаравме и со премиерот. Република Турција поддржува и се залага за решение кое ќе биде погодно за двете страни. Решение погодно за НАТО и ЕУ, ќе биде погодно и за нас“, рече Заев кој изјавил дека се надева на поддршка од пријателите во пронаоѓање на решение, со обзир на тоа дека спорот околу името со Грција трае 25 години.

Loading...