Законот за албански јазик помина во Влада – ги нема двојазичните банкноти и амблеми на…

3701

Законот за албански јазик помина во Влада – ги нема двојазичните банкноти и амблеми на војската.

Законот за употребата на јазиците, со кој се унапредува користењето на албанскиот јазик помина на вечерашната владина седница.

Во него ги нема двојазичните банкноти, амблеми на војската ниту двојазичните хартии од вредност. За нив ќе решава венецијанската комисија и доколку добијат зелено светло, во понатамошната фаза ќе бидат вградени, пишува Тв24.

Сепак во општините каде што албанците се над 20% униформите на полицијата; пожарникарите и здравствените работници ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик

И покрај несогласувањата на релација СДСМ – ДУИ, решението ќе биде пуштено цело на венецијанската комисија, Владата се обврзала да ги почитува нејзините препораки.Нешто што Владата го предвиде и во планот 3-6-9.

Законот во Собранието ќе влезе со европско знаменце, нешто за што вечерва се пофали на фејсбук и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Законот за албанскиот јазик е дел од колицискиот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети.

ДУИ до последно тврдеше дека во законот ќе има одредба и за двојазични банкноти и амблеми на униформите на војската и полицијата, нешто за кое премиерот Заев уште како лидер на опозиција се изјасни дека е противуставно.

Loading...