Запознајте ја грчката плажа на првиот крак која никогаш не е иста – Видео

6703

Иако полуостровот Касандра, или првиот прст на Халкидики, убедливо е најпосетено катче на грчкото приморје кога се во прашање туристите од регионот, многумина не знаат дека таму се наоѓа и една многу необична плажа, која никогаш не изгледа исто.

Во прашање е ртот Посиди, кој се наоѓа покрај истоименото место Посиди на Касандра, некои 7 км од месото Скала Фурка .

Оваа полудива плажа со најситен бел песок и топло море претставува навистина единствено доживување за посетителите бидејиќи поради брановите, и песокот кој морето го довлекува и одвлекува, плажата константно го менува обликот и големината.

Некогаш крајниот десен дел така наречено потонува во морето и не се гледа, а некогаш повторно изникнува, но во подолг облик од претходно.

извор:скопје24

Loading...