Заработува 1.200 евра неделно, а има само 15 години: Не застанувам додека не станам милионер, ме чека многу работа

2319

Нејтан Џон Баптис е 15 годишно момче кое само успеа да направи бизнис, кој на почеткот бил во училишниот тоалет каде ги склучил првите зделки. Тој бизнис сега му носи 57.000 евра годишно.

Џон кој инаку е ученик во северен Лондон, веќе 8 години секој им продава чоколади, грицки и пијалоци на своите соученици. Тој прв пат кога дошол на идејата купил производи за 5,5 евра и сите ги продал за еден дел, оттогаш не престанал со бизнисот, како што кажува самиот. Иако има само 15 години, тој има и вработено 11 деца од четири разни училишта, кои продаваат за него, тоа му носи приход од околу 1.200 евра неделно, пишува Дејли Мејл.

Неговиот принцип е доста едноставен, тој купува големи пакувања кои во супер-маркетите се поевтини, а ги продава на парче со цена која е пониска од онаа која е во училишните продавници и машините во продавниците. Тој своите производи секојдневно ги нуди и рекламира на социјалните мрежи.

– Планот ми е да станам милионер, не застанувам додека не го постигнам тоа. Ме чека уште многу напорна работа, вели младиот Нејтан.

Неговиот ранец е неговата шетачка продавница, а откако еден негов пријател се понудил да му помогне, дошла и идејата и други да продаваат за него.

– Едно време бараа од училиштето да престанам со продавање, па дури и бев суспендиран. Но откако им беше образложено дека не правам ништо страшно и нелегално, ме оставија на мира, вели младиот бизнисмен.

извор:курир

Loading...