Заробени патници врескале за помош: Двокатен автобус се заби во продавница во Лондон

1103
1

Двокатен автобус утрово се забил во продавница на една фреквентна улица во центарот на Лондон. Повредени биле неколку луѓе, а две лица биле заробени во автобусот на горниот кат од каде барале помош.

– Возачот на автобусот е однесен во болница на југот на Лондон, а малиот број на патници на лице место беа згрижени од итната медицинска помош, соопшти лондонската полиција.

– Двајца патници останаа заробени на горниот кат од автобусот, навеле во соопштението официјалните лице додавајќи дека пожарникарите и спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат.

Британската полиција за несреќата била известена нешто после седум часот наутро, а причината за судирот е се уште непозната. Според зборовите на очевидците, инцидентот предизвикал сообраќаен колапс, а полицијата ги замолила граѓаните на Лондон да ја избегнуваат улицата „Лавандер хил“, местото каде се случила несреќата.