ЗБОГУМ ЗАБАРИ: Пристигаат пилули против кариес!

Стоматолозите тврдат дека дошле до откритие кои би ни овозможило револуционерни таблети кои ќе ги користиме за превенција за пропаѓање на забите и појавата на кариес.

Тие тврдат дека откриел нов вид на бактерии кои наводно го намалуваа ефектот на оние штетни бактерии во устатата, кои потоа предизвикуваат, покрај другото, оштетување на забите.

Бактеријата Стрептококус А12 ја намалува киселината која влијае на разорување на забите така што создава нови микроби. Најважно од се е дека таа помага во намалување на аргинин, аминокиселината која според наодите на истражувачкиот тим е поврзана со настанувањето на кариесот.

Истражувачите веруваат дека А12 би можела да биде користена како орален суплемент во превенција на кариесот. Работејќи на универзитетот во Флорида, научниците го објавиле своето откритие во магазинот „Применета и еколошка микробилологија“.

Loading...