Жена од Белград нашла новчаник полн со пари а кога отишла да го врати ја дочекало непријатно изненадување

Жена од Белград нашла полн новчаник во парк кој припаѓал на американски конзол, и отишла да го врати а таму ја дочекало непријатно изненадување.

Таа одлучила да ја сподели оваа случка на интернет а нејзиното писмо стана вистински хит за само неколку дена.

-Реално ништо не очекував, и никако не мислам дека ние треба да се угледуваме на нив- рекла таа.

Дека луѓето се само луѓе и дека во секоја нација има и лоши и добри поедници, и дека не треба да ги генерализираме и да имаме предрасуди ,заклучила ова жена која го нашл новчаникот на американски конзул, а кога отишла да му го врати не добила ни едно обично „благодарам„.

Како што објаснува во писмото оваа жена, шетајќи низ трева  во парк нашла новчаник, кој според личните исправи се испоставило дека е на странски државјанин па одлучила да отиде во амбасада и да го врати.

-Жената беше излезена па новчаникот го земаа нејзините колеги, а не добив ни едно обично „благодарам„ Реално ништо и не очекував, ќе се изненадев да направеше нешто, само не сакам да ми каже некој дека треба да се угледаме на нив како народ, зошто секоја нација е иста, луѓе се луѓе , има и добри и лоши. Јас налетав на некој што мисли дека тоа е нормално, само дали и таа би го направила истото доколку го најдеа мојот новчаник, или ќе го оставеа во тревата?- напишала жената која го нашла новчаникот.

извор:пресс24

Loading...