ЖИВОТОТ ВО ТИТОВАТА СФРЈ: Кога работникот беше господин (ГАЛЕРИЈА)

293
1

Тогаш никој не те прашуваше за националност и материјалниот статус, а луѓето беа ценети по своите карактерни особини…
Не беа ретки животните приказни на луѓе кои од обични работници стигнале до полиција директор на цела работна организација.

Вработените добиваа бонови за топол оброк па заедно се прехрануваа во рестораните. Во СФРЈ беше природно на работниците да им се обезбедува храна.

Работното време беше од 7 до 15 часот со паузи кои работниците ги поминуваа дружејќи се меѓусебно. Сабота и недела не се работеше воопшто, освен кај некои работни операции кај кои тоа беше неизбежно.
На годишен одмор се одеше во работнички одморалиште, а целокупниот одмор го организираше синдикатот. За одморот можеше да се плаќа на рати во текот на целата година, а одењето на одмор со семејството беше редовна појава барем еднаш годишно.

Платите се исплаќаа готовински, во рамките на самото претпријатие, а парите беа приложени во посебни коверти во кои покрај платата се наоѓаа и општите генералии на работникот и други податоци поврзани со платата. Дополнително, без никакви проблеми можеше да се користат неплатени отсуства, боледувања, а систематските прегледи беа редовни за да се задржи здравјето на работниците.
Кога ќе се случеше смртен случај, работникот имаше право на бесплатен погреб. Доколку смртта се случеше во текот на работниот стаж или пензија на работникот, фирмата итно наоѓаше работа за некој од членовите на семејството.
Извор: www.vrabotuvanje.com.mk