Зврлевски ќе ги дочека локалните избори

1338

Ако Собранието не го разреши државниот обвинител Марко Зврлевски до 17 јули, името на неговиот наследник ќе се знае дури наесен, кога треба да се одржат локалните избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера ја отвори точката од дневниот ред за разрешување на Зврлевски, но за дискусија пријавени се околу 90 пратеници. Поради големиот број дискутанти, а и поради десетте пратенички групи, формирани од опозициските пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дебатата за разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлекува и да не заврши до 17 јули, кога на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе се расправа за ребалансот на буџетот, усвоен во петокот на владина седница.

Тоа значи дека до понеделник 17 јули, кога е закажана расправата на Комисијата за финансирање и буџет, мора да се разреши Зврлевски. Ако не се стигне, тогаш името на новиот Јавен обвинител ќе се знае дури наесен, освен ако претходно нема договор да се откажат пратеници од дискусиите, па да се стигнат роковите“, велат пратеници од владејачкото мнозинство.

извор:мктдтимес

Loading...