vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Австрискиот парламент моментално се занимава со ксенофобични и сексистички напади кон пратеничката на “Liste Pilc”, Алма Задиќ

ECA

Австрискиот парламент моментално се занимава со ксенофобични и сексистички напади кон пратеничката на “Liste Pilc”, Алма Задиќ што беше една од главните теми на денешната седница. На седницата, кога зборувала за аферата околу Службата за заштита на уставноста и борбата против тероризмот, еден пратеник ѝ довикал “Не си во Босна”, а друг “Алма, кај мене си безбедна”.

Установено е дека дофрлувањето “Не си во Босна. Не го мешајте тоа”, го рекол пратеникот од Народната партија, Јохан Редлер.

“Тоа е безобразно и не е прв пат моето потекло да се искористува во дебата. Тоа нема никаква врска со БВТ и не е во согласност со достоинството на парламентот”, рекла Задиќ, која е родена во Тузла.

Zwischenruf

Nachdem Herr Abg #Rädler heute seine Wortmeldung “Wir sind hier nicht in Bosnien” vor dem Rednerpult nochmals verteidigt hat – habe ich versucht ihm zu erklären, warum es nicht in Ordnung ist, Menschen auf ihre Herkunft zu reduziert und die Herkunft nichts in einer Sachdebatte verloren hat!”Ab wann Herr Abg. gehört man dazu, wann ist man ein Teil der Gesellschaft. Was muss man tun, um nicht auf seinen MigrationsVORdergrund reduziert zu werden” #oeNR

Posted by Alma Zadic on Wednesday, June 13, 2018

Редлер од друга страна, порача дека не се работи за навреда и дека тоа што го рекол e сосема во ред, бидејќи Босна е небезбедна земја со корупција и други проблеми, додека Австрија не е таква земја.

“Мојата изјава не е ксенофобична. Како прво јас сум член на групата пријателства со Босна, како второ, во мојата општина Бад Ерл овозможив засолниште на 20 босански семејства во 1994 година. Имам семејство во Босна за кое се грижам, ја опремив болницата и станицата за Црвен крст во таа земја”, изјави Редлер.

Исто така истакна дека не можел да слуша како “некој ја прикажува Австрија како небезбедна земја и дека некој кој е од Босна, кој го познава стравот од војна и изгледот на небезбедна земја, треба да ја карактеризира Австрија како небезбедна земја”.

Не беа изоставени и сексистичките коментари

Уште едно дофрлување кон Задиќ предизвика иста дебата.

Пратеникот на ФПО, Волфганг Кангер, на обвиненијата од пратеничката Алма дека не се чувствува безбедно поради работата на министерот за внатрешни работи Херберт Кикл, ѝ порача “Алма, кај мене си безбедна”.

Задиќ го оцени тоа дофрлување како сексистичко и дека треба да се осуди таа постапка .

Шефот на пратеничкиот клуб “Liste Pilc”, Бруно, Росман ги осудил овие испади на пратениците од владеачките партии и ги оцени дека се “сексистички и расистички” и дека ѝ должат извинување на Алма.

Алма Задиќ во австрискиот парламент е од октомври 2017 година и е родена во Тузла, Босна и Херцеговина. Таа се избори за место во највисокото законодавно тело на Австрија.

извор:точка.ком.мк

Loading…
Loading...

Related posts