vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Австрија го презеде претседавањето со ЕУ – најголем приоритет заштитата на границите на Унијата

ECA

Австрија од денеска го презеде шестмесечно претседавање со ЕУ, а администрацијата на канцеларот Себастијан Курц, како врвен приоритет го наведе прашањето за миграцијата.

Третпат, по 1998 и 2006 година, Австрија ќе претседава со ЕУ, овојпат под мотото „Европа која штити“.

Освен миграцијата, на листата на приоритети се и преговорите за Буџетот на ЕУ и проширувањето на Унијата на Западен Балкан. Една од целите на официјална Виена е и подобрување на односите на ЕУ со земји како што се Русија и Израел.

Аналитичарите проценуваат дека ќе биде тешко да се постигнат конкретни резултати, делумно поради почетокот на кампањата за европските избори следната година, но, исто така и поради застојот во преговорите за Брегзит.

Австриското претседателство на ЕУ на својата интернет-страница повика првенствено на безбедноста, истакнувајќи дека зајакнати граници помагаат во борбата против илегалната миграција. Втор голем предизвик пред Австрија е напредокот околу преговорите за долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година.

Курц во текот на неделата ја повтори својата позиција дека е можно да се постигне договор пред изборите за Европскиот парламент. Австрија сака и поголема интеграција на Западен Балкан во Унијата.

„Овој регион е дел од Европа по прашањата за економската и безбедносната политика, а се покажа и како сигурен партнер за време на миграциската криза“, се вели во соопштението на администрација од Виена.

Трошоците за претседавањето кое Австрија го презеде од Бугарија се проценуваат на околу 43 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека би можеле да бидат и двојно поголеми. Канцеларот Курц на 3 јули ќе се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, а на 5 и 6 јули еврокомесарите ќе допатуваат во посета на Виена.

извор:точка

Loading…
Loading...

Related posts