vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Ако имате ваков мобилен телефон нема да можете да користите Фејсбук

ECA

Компанијата Фејсбук потврди дека нивната апликација нема да ја прединсталира на новите апарати на Хуавеј.

Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции, воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеј и натаму ќе можат без проблеми да ги користат апликациите на Фејсбук и на другите социјални мрежи.

Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив.

Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании, што предизвика домино ефект на целиот сектор.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts