vesti24.mk
ТРАВЕЛ

Ако планирате одмор во Грција, годинава во просек е за 20 отсто поскапа од лани

ECA
Какви ќе бидат цените оваа година во омиленото место за летување за Македонците?

Засилените контроли на даночните инспекции и кризата во Турција ја поскапеа Грција. Главната дестинација на која Макеоднците одмараат во лето, според проценките ќе биде за околу 20% поскапа од лани. Грчките власти соочени со новите услови на ММФ ги засилија контролите во угостителските и трговските објекти.

Угостителите велат дека тешко е да се воведе ред после толку години, но опасно е да ризикуваат, казните изнеусваат од 15.000 до 100.000 евра затоа издавањето фискална сметка во грчките таверни е веќе вообичаена работа. Цената на гирото останува иста, 2,2 евра но годинава ќе се доплаќаат по 0,3 центи за секој додаток ккао домат, кромид, кечап, павлака.

Порција гиро чини од 6,5 до 8 евра или е во просек за 10% поскапа од минатата сезона. Цената на кафето и пивото останува иста. Главната сезона во Грција почнува на 20 мај. Дотогаш ноќевањето ќе чини од 20 до 30 евра, потоа цените ќе поскапат. Анаржнамите во јужниот дел на земјата и на островите се очекува да имаат до 40% повисоки цени од лани.

извор:скопјеинфо

Loading...

Related posts