vesti24.mk
Uncategorized

Ако сакате совршено извајано тело, применете ги вежбите кои Кристијано Роналдо го одржуваат во форма (фото)

ECA
Фантастичниот ас Кристијано Роналдо веќе се години важи за најдобар играч на светот, но тој не е само мајстор во фудбалот, туку и во спортот генерално.

Роналдо е најдобар играч на сите времиња во Реал Мадрид, а често пати на јавноста и ја открива својата рутина на вежбање, а голем дел од вежбите се специфични и не често применувани. Во продолжение погеднете како Португалецот ја одржува својата форма и импресивното тело на кое сите можат да му подзавидат.

Човекот чии нозе важат за едни од најскапите на светот, силни и спремни, ги одржува со вежбата која е можно да се изведе било каде, а потребно е само ѕид како потпора на грбот. Постојат две опции, првата е само седење до ѕид и тестира издржливост, а втората е чучневи. Комбинацијата е одлична, а ги води нозете до целосна исцрпеност.

Вежба за истегнување со отпорни кабли фиксирани на стопалата, која е комбинација помеѓу јога и пилатес.  На овој начин се овозможува истегнување на задната ложа, а Роналдо најдобро знае дека токму оваа вежба најмногу му треба, после напорните активности.


Кристијано многу време посветува на зајакнување на телото и подобрување на стабилноста. Отпорната лента околу вратот за време на изведување на вежбите, го потегнува надолу така што мора да ја стабилизира рамнотежата со мускулите, спречувајќи виткање на половината. За време на правењето на оваа вежба користи и топка која му овозможува стабилност во текот на изведувањето на рамномерните движења.

Уште една вежба која покажува колку сериозно му пристапува на вежбањето фудбалскиот ас. Големо внимание посветува на помалите но многу важни делови на телото. Пилатес опремата му помага да ги активира адукторите-мускули кои се директно повразни за колковите, како и да ги активира страничните стомачни мускули.

Познат е по совршените стомачни мускули, па така дел од тренингот Кристијано го посветува на овој дел од телото, но освен класичниот начин, вклучува правење стомачни со помош на пилатес топка.

makedonijadenes

Loading...