vesti24.mk
ЗАБАВА

Ако често се жалите дека ви е здодевно, можеби треба да се загрижите – ви се заканува депресија

ECA

Луѓето кои се способни долго да останат фокусирани на одредена задача се многу посреќни од оние кои лесно се лизнуваат во досадување, тврдат научниците.

Ако често не знаете што да правите со себе, не можете да ги завршите задачи, вадејќи се дека ви е досадно, обидете се да се тргнете од таа ситуација, бидејќи  може да ве однесе на лош пат. Право во депресија.

Тоа го покажа американската студија, во тек на која психолозите од Харвард ја следеле менталната состојба на повеќе од 2.000 луѓе. Резултатите до кои дојдоа, објавени во списанието „Science“, докажуваат спрега помеѓу здодевноста и лошото расположение.

Луѓето кои се способни долго да останат фокусирани на одредена задача се многу посреќни од оние кои лесно се лизнуваат во досадување. Научниците заклучиле дека тоа е постојано „скитување на мислите” и неуспевањето да се фокусирате на нешто е силен поттикнувач за депресија.

Покрај тоа, оние кои се жалат честопати дека им е досадно, 2.5 пати повеќе се изложени на ризик од инфаркт или мозочен удар. Научниците претпоставуваат дека ова е така оти луѓето што се досадуваат се препуштаат на нездрави навики, пушат многу, пијат алкохол и јадат нездраво.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts