vesti24.mk
ВЕСТИ

Али Ахмети на средба со Стево Пендаровски

ECA

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција, Али Ахмети.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во Република Македонија. Претседателот Пендаровски укажа на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски порача дека Република Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО. Тоа, според претседателот Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, посочи претседателот Пендаровски, потребно е сите политички фактори во Република Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.

Претседателот на ДУИ, Ахмети, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Извор: fokus.mk

извор:курир.мк

Loading...

Related posts